Услови за користење
   Полиса за приватност
   Newsletter
   Блог
 
 
 
     
Авантурите на Дино Содржини Соработници Контакт За родителите Коментари Home
   

Дефинираните одредби („Услови на користење“) се однесуваат на користењето на веб страната www.dino.com.mk и сите понудени содржини и услуги. Со користењето на овие веб страници и услуги вие како корисник ги прифаќате условите дефинирани од „Зона“ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст Зона). Условите на користење се подложни на промени и затоа ве молиме повремено да ги проверувате.
Зона не е одговорна пред корисникот, ниту пред трети странки за било каква можна штета, директна, индиректна, случајна или намерна, што проистекува од погрешна употеба на страниците и содржините од
страна на корисникот, односно од недостатокот на употреба на www.dino.com.mk. Прифаќањето на ограничувањето на Зона од страна на корисникот е неопходен предуслов за користење на дадените веб страни и услуги.

Зона има право на модификација на дадената содржина, во секое време и без претходна најава, заклучно со укинувањето на страницата или на услугата што се нуди. Било какви измени и дополнувања на овие услови за користење се неважечки доколку истите не се објавени од страна на Зона на оваа веб страна. Секоја измена објавена на опишаниов начин станува важечка од моментот на објавувањето, а секое натамошно користење на страниците и услугите на Зона подразбира дека корисникот ги прифаќа изменетите услови на користење.
Овие веб страници може да содржат линкови до веб страници и веб содржини на трети странки. Зона не сноси одговорност за текстуалните, визуелните, аудио и
рекламните содржини презентирани на страниците на третите странки.
Зона не сноси одговарност пред корисникот ниту пред трети странки за промената или за укинувањето на страниците и на услугите понудени на нив. Зона не гарантира дека содржината на страниците на третите странки е поволна за секаква цел, дека тие веб страни ќе функционираат без грешка, дека ќе бидат во соодветност со потребите и желните на корисникот, ниту дека содржините на страниците од третите страни е во согласност со законот за авторски права.
Ако се користите со веб страната и содржината во илегални цели или на начин поинаков од оној, што е наведен во дадениве услови, или пак, ако ги прекршите условите на користење, ќе ги сносите трошоците за секоја штета или загуба настаната на тој начин.
Ако не се согласувате со наведените услови за користење, ве молиме да ја напуштите страницава.
 
 
 
© 2007