|
|
|
|
|
|
|
| |
|
Софтверскиот производ „Авантурите на Дино“ е концептуално поделен на неколку дела. Во основниот дел децата се запознаваат со околината во која што живеат: со животниот и морскиот свет, со елементарните правила и учесниците во сообраќајот, со основните елементи на домаќинството и семејството, со промената на природните времиња, дневните и сончеви циклуси.Наредниот дел има образовна тематика, каде што децата на забавен и интерактивен начин ги запознаваат бројките и |
|
| буквите. Следниот дел е креативниот дел, во кој што децата можат да бојат, или |
| пак, интерактивно да се занимаваат со музика. Изборот на боите е направен во согласност со најновите светски педагошки текови, додека во музиката е опфатена основната октава заедно со одбрани музички инструменти. Покрај содржините со образовен карактер, за потребите на „Авантурите на Дино“ се разработени повеќе игри за учење низ забава. Игрите што се застапени во „Авантурите на Дино“ се осмислени и развиени на начин, што ќе му овозможи на Вашето дете да учи во процесот на играњето и да развива определени моторички, компјутерски и интелектуални способности. |
| |
|
|
|
| |
|
|
© 2007 |
|