Услови за користење
   Полиса за приватност
   Newsletter
   Блог
 
 
 
     
Авантурите на Дино Содржини Соработници Контакт За родителите Коментари Home
   
   
Што е „Авантурите на Дино“?

      „Авантурите на Дино“ е софтверски производ замислен и дизајниран како помошно наставно средство за најмладата популација од претшколската и раната школска возраст. Вашето дете ќе биде вовлечено во светот на учењето со посредство на Дино, анимиран карактер кој што се фокусира на образовните потреби на детето, притоа обраќајќи му се на секое дете на индивидуална основа.
Дино е љубопитен како дете, не е сезнајко и понекогаш му треба помош и поддршка,
со што се постигнува голем степен на интеракција меѓу софтверското решение и корисникот.
Заедно со Дино, Вашето дете ги стекнуваат и развиваат основните познавања од областа на природата, општеството, животниот свет и екологијата. Вашето дете и Дино стануваат партнери во патувањето и авантурите во свет, богат со визуелни креации, дијалози, графички анимации и аудио стимуланси со што се создава основата за взаемно разбирање и комуникација меѓу нив. Основната нота што провејува низ целокупниот софтверски пакет се сведува на мотото: „Вашето дете учи заедно со Вас“. Ваквиот приод овозможува подобрување на врските меѓу Вас и Вашето дете низ зголемената комуникација и квалитетот на времето поминато заедно.

Структурата на софтверскиот производ
Софтверскиот производ „Авантурите на Дино“ е концептуално поделен на неколку дела. Во основниот дел Вашето дете се запознава со околината во која што живее: со животниот и морскиот свет, со елементарните правила и учесниците во сообраќајот, со основните елементи на домаќинството и семејството, со промената на природните времиња, дневните и сончеви циклуси.Наредниот дел има образовна тематика, каде што Вашето дете на забавен и интерактивен начин ги запознаваат бројките и буквите. Следниот дел е креативниот дел, во кој што Вашето дете може да бои, или пак, интерактивно да се занимава со музика. Изборот на боите е направен во согласност со најновите светски педагошки текови, додека во музиката е опфатена основната октава заедно со одбрани музички инструменти.
Покрај содржините со образовен карактер, за потребите на „Авантурите на Дино“ се разработени повеќе игри за учење низ забава.

Учење низ забава
Игрите што се застапени во „Авантурите на Дино“ се осмислени и развиени на начин, што ќе му овозможи на Вашето дете да учи во процесот на играњето и да развива определени моторички, компјутерски и интелектуални способности. Повеќе од тоа, во процесот на дружењето Дино го насочува Вашето дете, укажувајќи му ги грешките направени во текот на играњето. За сторените грешки се води евиденција за поминатиот материјал, со што Вие како родител можете да го следите развитокот на детето и да го насочувате детето во вистинска насока.
По успешното завршување на сите игри следува наградната супер-игра, по што Вашето дете ќе може да си отпечати диплома за успешен завршеток на овој дел од „Авантурите на Дино“. Покрај софтверскиот пакет „Авантурите на Дино“ нуди можност за печатење на тематска боенка, која што ги опфаќа битните моменти од софтверскиот пакет, а со чија што помош Вашето дете учи да црта и ги повторува броевите и буквите.
 
 
 
© 2007