Услови за користење
   Полиса за приватност
   Newsletter
   Блог
 
 
 
     
Авантурите на Дино Содржини Соработници Контакт За родителите Коментари Home
   
          „Авантурите на Дино“ е софтверски производ замислен и дизајниран како помошно наставно средство за најмладата популација од претшколската и раната школска возраст. Корисниците на овој пакет, децата, ќе бидат вовлечени во светот на учењето со посредство на Дино, анимиран карактер кој што се фокусира на образовните потреби на децата, притоа обраќајќи му се на секое дете на индивидуална основа. Дино е љубопитен како дете, не е сезнајко и понекогаш му треба помош и поддршка, со што се
постигнува голем степен на интеракција меѓу софтверското решение и корисникот.
Заедно со Дино, децата ги стекнуваат и развиваат основните познавања од областа на природата, општеството, животниот свет и екологијата. Децата и Дино стануваат партнери во патувањето и авантурите во свет, богат со визуелни креации, дијалози, графички анимации и аудио стимуланси со што се создава основата за взаемно разбирање и комуникација меѓу нив.Основната нота што провејува низ целокупниот софтверски пакет се сведува на мотото: „Вашето дете учи заедно со Вас“. Ваквиот приод овозможува подобрување на врските меѓу родителите и децата низ зголемената комуникација меѓу нив и квалитетот на времето поминато заедно.
 
 
 
© 2007